• петок, 05 декември 2025

Десеттина пелагониски села без вода

Десеттина пелагониски села без вода

Битола, 15 јули 2025 (МИА) - Десеттина пелагониски села утрово се без вода поради технички  зафат на регионалниот водовод, односно спојување на стара челична цевка со ново изведена цевка Ф400.

Од јавното комунално претпријатие „Водовод“-Битола соопштија дека интервенцијата почна во 7 часот утрово и ќе се одвива до завршување на интервенцијата.

-Фирмата изведувач  БВ инжинеринг-Битола го  затвори регионалниот водовод, за да се изведе спој на старата  челичната цевка Ф 400 со новоизведената цевка Ф 400 , со што со прекинато водоснабдување остануваат жителите  во населените места Горно Оризари, Раштани, Крклино, Кукуречани, Црнобуки, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево,Мусинци и Далбеговци. Прекинот со водоснабдување ќе трае од  07:00 часот до завршување на работите, нагласија од битолски „Водовод“. мт/лв/


Фото: ЈКП „Водовод“-Битола

Остани поврзан