• недела, 29 септември 2024

„Генералка викенд" во Берово

„Генералка викенд
Берово, 6 мај 2022 (МИА) - Во заедничко партнерство на Општина Берово, Пивара Скопје, Пакомак и Мен енд маунтен, претстојниот викенд во Берово ќе се организира акција за чистење, насловена „Генералка викенд". Во рамките на акцијата ќе се чисти на пет локации во градот, а целта како што истакнаа организаторите е да се собере што е можно повеќе отпад кој потоа ќе се носи до најблиската Пакомак или локална станица за отпад. -Акцијата е закажана за 6 и 7 мај 2022 и ќе се одвива од хотел „Манастир“ до црквата Св. Богородица, ќе биде опфатен Градскиот Парк и двете страни на кејот, просторот околу „Пакет маркет“ и таканареченото Ловно, како и патеката на Беровско езеро, и кружниот тек до Калипсо, информираа организаторите. Во акцијата како што додадоа предвидено да се вклучат многу поддржувачи, како Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, претставници на дипломатскиот кор, повеќе од дваесет општини, училишта и локални поддржувачи, спортски клубови. -Акцијата е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина. Со секои 10 килограми отпад да придонесеме во засадувањето на новите пристапни шуми “СОНЧЕВА ГОРА” – национални зелени споменици што ќе растат секоја година, додадоа организаторите, велат оттаму. Апелираат на масовна излезност, со цел заеднички придонес за поздрава и позелена иднина за сите. вс/свс

Остани поврзан