„Гевгелија град на културата“ - вечер на хорска музика
- Три хора со членови на различни возрасти ќе се претстават во рамки на настанот „Вечер на хорска музика“, која е дел од манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, соопштија од локалната самуправа.
Гевгелија, 27 јуни 2025 (МИА) - Три хора со членови на различни возрасти ќе се претстават во рамки на настанот „Вечер на хорска музика“, која е дел од манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, соопштија од локалната самуправа.
Како што информираа оттаму, концертот ќе се одржи во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија, а програмата започнува со настап на Градскиот детски хор „Божилак“, кој ќе се престави со композициите: „Што ми е мило“ во аранжман на Daniel Hughes, "Canon des scats“ од Pierre-Gérard Verny, македонската народна песна „Еленица препелица“ во обработка на Ристо Аврамовски, емотивната "You Raise Me Up“ од Rolf Lavland, како и барокната „Viva Tutte Le Vezzose“ од Felice Giardini.
Потоа, ќе настапи Училишниот хор при СОУ „Јосиф Јосифовски“, кој ќе се претстави со делата "An Irish Blessing“ од James E. Moore и „Gagliarda“ од Baldasare Donatti.
Вечерта ќе ја заокружи настапот на Градскиот мешан хор „Гортинија“, кој ќе ја изведе „Свечената песна за Свети Кирил и Методиј“, делото „Тебе поем“ од српскиот композитор Стефан Стојановиќ Мокрањац, моќната хорска композиција "Dies Irae“ од Michael J. Trotta, како и „Македонско оро“ од Тодор Скаловски.
Диригент на хоровите е м-р Илија Атанасов, долгогодишен музички педагог и посветен уметнички водич кој зад себе има богато искуство во хорската музика. рт/дма/
Фото: Општина Гевгелија