Гвардиола: Се надеваме дека Вокер ќе остане во Сити
- Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изрази надеж дека одбранбениот фудбалер Кајл Вокер ќе остане во клубот.
Манчестер, 26 јули 2023 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изрази надеж дека одбранбениот фудбалер Кајл Вокер ќе остане во клубот.
- Се надеваме дека Кајл ќе остане со нас. Можам да кажам дека тој е многу важен играч за нас. Ќе се бориме за него, ги цитира зборовите на Гвардиола, инсајдерот Фабрицио Романо.
Претходно беше објавено дека Вокер го информирал Гвардиола за неговата одлука да се пресели во Баерн Бинхен. Баварците на 33-годишниот Англичанец ќе му понудат двегодишен договор со можност за продолжување на уште една година.
Вокер е во Сити од 2017 година. Со тимот го освои англискиот шампионат пет пати, два пати Купот и Суперкупот на земјата, четир пати Лига купот и еднаш Лигата на шампионите.
Минатата сезона дефанзивецот забележа 39 настапи за Сити во сите натпреварувања, постигнувајќи една асистенција. Неговиот договор е до летото 2024 година. зс/
Фото: ЕПА