• сабота, 15 март 2025

Гвардиола: Нема да биде крај на светот ако Манчестер Сити не се пласира во Лигата на шампионите

Гвардиола: Нема да биде крај на светот ако Манчестер Сити не се пласира во Лигата на шампионите

Манчестер, 7 март 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази мислење дека клубот може да не се пласира во Лигата на шампионите следната сезона.

-Тензијата во големите клубови е секогаш присутна и треба да го дадете максимумот. Не е важно за кого играш. Сакаме да се пласираме во Лигата на шампионите, но ако тоа не се случи, нема да биде крај на светот. Ова ќе значи дека не бевме доволно добри и дека другите тимови го заслужуваат тоа. Се наоѓаме во позиција која не може да се нарече идеална, но и не е лоша. Се е во наши раце и ќе се бориме, изјави Гвардиола, цитиран од „Сити екстра“.

Манчестер Сити моментално се наоѓа на четвртото место во табелата во Премиер лигата со 47 бодови од 27 натпревари. дс

Фото: Архива

Остани поврзан