• четврток, 21 ноември 2024

Гаши во Дебар открива три посебни точки за инвеститорите од дијаспората

Гаши во Дебар открива три посебни точки за инвеститорите од дијаспората

Дебар, 30 април 2024 (МИА) - Албанците кои живеат во различни земји во светот ќе имаат придобивки од даночните олеснувања и поддршка за отворање бизниси во нивната татковина. Ова го предвидува планот на коалицијата „Вреди“ (ВЛЕН), кој Африм Гаши, претседател на „Алтернатива“ му го открил на претприемачот и активистот од Дебар, Ибрахим Колари.

Тој дел од заработеното го има инвестирано во својот роден град, три децении над 40 семејства обезбедуваат егзистенција во неговата фирма „Кораби-редимикс“, а е познат филантроп.

Во оваа прилика, Гаши покажа дека тој и коалицијата имаат посебна програма за иселениците и луѓето кои инвестираат во Северна Македонија.

-Субвенционирање на таксите и даноците. За првите три години на сите оние кои живееле пет или повеќе години во странство и се враќаат да инвестираат износ од 50.000 евра или повеќе во отворање нов бизнис во Северна Македонија. Преполовување на данокот на добивка. Бизнисите отворени од иселениците ќе добијат поврат на даночниот процент врз основа на секторите во кои инвестираат (приоритетни ќе бидат новите технологии, преработката на храната и модерното земјоделство), но и врз основа на работните места што ги создаваат, а приоритетни ќе бидат вработувањето на младите луѓе и жени, рече Гаши.

Гаши посочи на создавањето на министерството за дијаспора, со кое ќе раководат кадри од дијаспората.

-Создавањето на структурата „Промотори на СМ“, преку која иселениците делуваат како економски амбасадори и привлекувачи на инвестиции. Посебни личности од јавниот живот и претприемачи од дијаспората ќе бидат назначени на позицијата Почесен конзул во соодветните земји, со цел да се влијае на подобрување на имиџот на земјата и сеопфатната комуникација на нашите иселеници со соодветните земји, најави Гаши. вт/мд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан