• недела, 22 декември 2024

Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Бергамо, 29 април 2024 (МИА) - Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови. 

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан