• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Рејндерс: Не дојдов во Манчестер сити за да го заменам Де Брујне

Рејндерс: Не дојдов во Манчестер сити за да го заменам Де Брујне

Манчестер, 15 јуни 2025 (МИА) - Новодојдениот играч на Манчестер сити, Тејани Рејндерс, изјави дека не дошол во „Граѓаните“ за да го замени играчот од средниот ред Кевин Де Брујне, кој се пресели во Наполи.

- Не дојдов во Манчестер сити да го заменам Де Брујне, туку да ја играм мојата игра. Сепак, ја анализирам играта на различни играчи и го позајмувам она што тие го прават особено добро. Она што ми се допаѓа кај Кевин Де Брујне е како ја проценува ситуацијата на теренот и прави додавања, изјави Рејндерс за „City Xtra“.

Трансферот на Рејндерс од Милан беше објавен на 11 јуни. 

Манчестер сити заврши на третото место во сезоната 2024/25 во Премиер лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан