Покетино за Пулишиќ: Играчите треба да се држат до нашиот план
- Селекторот на американската фудбалска репрезентација, Маурисио Покетино, изјави дека нема да му дозволи на играчот од средниот ред Кристијан Пулишиќ да диктира за кои натпревари ќе биде достапен.
Мајами, 15 јуни 2025 (МИА) - Селекторот на американската фудбалска репрезентација, Маурисио Покетино, изјави дека нема да му дозволи на играчот од средниот ред Кристијан Пулишиќ да диктира за кои натпревари ќе биде достапен.
- Јас сум главен тренер, не сум манекен. Играчите треба да се стават во функција на националниот тим и да ги почитуваат одлуките на селекторот. Тие треба да слушаат и да се држат до нашиот план. Тие не можат да го диктираат планот. Најважно е да објасниме зошто решивме да не го вклучиме во составот, изјави Покетино за „АП“.
Пулишиќ претходно изјави дека би сакал да го прескокне Голд Купот на КОНКАКАФ откако одигра околу 120 натпревари за Милан и националниот тим во текот на изминатите две години. На крајот тој беше изоставен од составот за турнирот.
Американскиот тим вечер (24 часот) ќе игра против Тринидад и Тобаго. зс/
Фото: ЕПА