• петок, 28 јуни 2024

Гасперини за лидерството во Серија А: Целиот тим е среќен, тоа е голема чест за момците

Гасперини за лидерството во Серија А: Целиот тим е среќен, тоа е голема чест за момците
Бергамо, 16 октомври 2022 (МИА) - Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини го пофали својот тим кој се искачи на лидерската позиција во Италијанското фудбалско првенство. Аталанта синоќа на домашен терен го победи Сасуоло (2:1) во натпреварот од 10. коло во Серија А. - Целиот тим е среќен, а позицијата на табелата по 10 кола е голема чест за момците. Не почнавме најдобро, иако бевме добро организирани, но сега се подобруваме во однос на нашиот стил. Полни сме со ентузијазам и се надеваме дека ќе останеме во ова расположение што е можно подолго, изјави Гасперини за „Скај спорт Италија“. Аталанта со 24 бода и се искачи на првото место во поредокот во Серија А. На второто место со 23 бода е Наполи, кој утре ќе игра против Болоња во мечот од 10. коло. Третото место со 20 бодови го делат Милан, Лацио и Удинезе. зс/

Остани поврзан