Гасол: Мислам на пензија, неизбежна е
- Еден од најдобрите шпански кошаркари во 21. век, Пау Гасол призна дека размислува за пензионирање. Тој сè уште се опоравува од повредата на стопалото, а неодамна објави дека сака да биде дел
Мадрид, 23 март 2020 (МИА) - Еден од најдобрите шпански кошаркари во 21. век, Пау Гасол призна дека размислува за пензионирање. Тој сè уште се опоравува од повредата на стопалото, а неодамна објави дека сака да биде дел од НБА лигата и во наредната сезона со оглед на амбицијата да заигра со „црвената фурија“ и на Олимписките игри во Токио.
- Со оглед на процесот на опоравување и природата на повредата што ја имав, неизбежно е да размислувам на пензија. Треба да се земе предвид дека во наредните неколку месеци ќе наполнам 40 години. Сè уште мислам дека не е дојдено време за повлекување, мислам и што ме чека и кои се предизвиците, рече Гасол.
Но, она што создава дополнителна неизвесност кај Гасол е кога и дали воопшто ќе има Олимпијада оваа година, иако челниците на ИОК уверуваат дека откажувањето не е опција поради коронавирусот, како и дилемата кога ќе продолжи и заврши тековната сезона во НБА лигата. сѓд/