• понеделник, 06 мај 2024

Ганц: Израел е во војна на неколку фронтови, иако фокусот е на Газа

Ганц: Израел е во војна на неколку фронтови, иако фокусот е на Газа

Тел Авив, 7 ноември 2023 (МИА) - Израелскиот министер Бени Ганц денеска изјави дека Израел е во војна на неколку фронтови, иако фокусот е на Појасот Газа.

„Ние се бориме дефанзивно и офанзивно на север и на други места“, рече Ганц во Тел Авив.

Ганц, кој сега е министер без ресор во воената влада, а претходно беше во опозиција на чело на Партијата за национално единство, рече дека војната во Појасот Газа е различна од сите претходни и дека исламскиот екстремистички Хамас кој владее во таа мала палестинска енклава е длабоко вкоренет меѓу населението.

Тој ги повтори претходните тврдења на израелските лидери дека Хамас ги претвора болниците и училиштата во штабови и складишта за оружје.

Ганц вети дека Израел ќе врати повеќе од 240 заложници одведени во Појасот Газа на првиот ден од нападот врз јужен Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема да има прекин на огнот додека Хамас не ги ослободи заложниците. паг/

 

 

 

Остани поврзан