• вторник, 07 мај 2024

Гала концерт на оперската дива од Бугарија, Александрина Пендачанска

Гала концерт на оперската дива од Бугарија, Александрина Пендачанска

Скопје, 9 март 2023

 

Вчеравечер на сцената на Националната опера и балет во Скопје гала концерт одржа оперската дива од Бугарија, Александрина Пендачанска (сопран). Пендачанска, заедно со гости-солисти, пред публиката исполнија оперски арии од композиторите Бах, Моцарт, Бизе, Верди, Росини, Леонкавало, Џордано и други.

Ова е прв настап на Пендачанска во Република Северна Македонија. Таа на присутните им се заблагодари за топлиот пречек, високата професионалност на домаќините, како и на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје за организацијата на настанот. На крајот од концертот, по бурните овации за маестралната изведба, Пендачанска во емотивно обраќање изрази огромна благодарност за интересот, но исто така кажа дека и е огромна чест што настапува токму во Скопје, од каде има и потекло.

Диригент на оперскиот концерт беше Бисера Чадловска, а концерт-мајстор Климент Тодороски. Со соло изведби настапија солистите: Ралица Богданова (сопран) и Марјан Јованоски (баритон ) во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.

БГКИЦ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан