Галатасарај сака да го ангажира Верати
- Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати може да ја продолжи кариерата во Турција, тврди новинарот Николо Шира.

Истанбул, 26 август 2023 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати може да ја продолжи кариерата во Турција, тврди новинарот Николо Шира.
За 30-годишниот Италијанец е заинтересиран Галатасарај. Играчот доби и профитабилни понуди од клубови од Саудиска Арабија и Катар.
Верати минатата сезона забележа 38 настапи и една асистенција во сите натпреварувања.
Актуелниот договор на играчот со ПСЖ е до 30 јуни 2026 година. зс/
Фото: ЕПА