• четврток, 02 мај 2024

Галант му рекол на Остин дека Израел нема друг избор освен да одговори на иранскиот напад, Блинкен разговарал со ирачкиот вицепремиер

Галант му рекол на Остин дека Израел нема друг избор освен да одговори на иранскиот напад, Блинкен разговарал со ирачкиот вицепремиер

Тел Авив, 15 април 2024 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во телефонски разговор му рекол на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин дека Израел нема друг избор освен да одговори на иранскиот напад со дронови и ракети во текот на викендот, пренесува Тајмс оф Израел повикувајќи се на Аксиос.

Во меѓувреме, Би-Би-Си јави дека американскиот државен секретар Антони Блинкен разговарал со ирачкиот вицепремиер Мухамед Али Тамим за безбедноста на Блискиот Исток по иранскиот напад врз Израел.

Блинкен му рекол на Тамим дека САД не бараат никаква ескалација во непријателствата со Иран, но дека ќе продолжат да го бранат Израел.

Тамим ја споделил загриженоста од неговата влада за тоа дека регионот се вовлекува во поширока војна што ќе ја загрози меѓународната безбедност.

Според Стејт департментот, состанокот е само еден од серијата што ги одржа Блинкен по нападот, со своите колеги во Египет, Саудиска Арабија, Јордан, Турција, Велика Британија и Германија. јт/

Остани поврзан