• петок, 04 октомври 2024

Галант: Израел ќе продолжи да го гаѓа Хезболах

Галант: Израел ќе продолжи да го гаѓа Хезболах

Тел Авив, 19 септември 2024 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека воената акција насочена кон либанската милиција Хезболах „ќе продолжи“.

- Хезболах се чувствува прогонет, рече Галант, цитиран од неговата канцеларија по денешниот брифинг за оперативните случувања во северен Израел.

Редоследот на нашите воени дејства ќе продолжи … Во новата фаза на војната има значителни можности, но и значителни ризици, рече Галант.

Според него, консултациите со високи воени и команданти на тајните служби се вртеле околу различни сценарија во борбата против Хезболах, со цел да им се овозможи на евакуираните од северен Израел да се вратат дома, пренесе ДПА. јт/

Фото: ДПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан