Габриел го продолжи договорот со Арсенал
- Бразилскиот дефанзивец во редвите на Арсенал, Габриел, денеска потпиша нов повеќегодишен договор со лондонскиот клуб.
Лондон, 6 јуни 2025 (МИА) – Бразилскиот дефанзивец во редвите на Арсенал, Габриел, денеска потпиша нов повеќегодишен договор со лондонскиот клуб.
Арсенал не ја соопшти временската рамка на новата соработка, а телевизијата „Скај“ објави дека станува збор за четиригодишен договор, до 2029 година.
Претходниот договор на Габриел истекуваше во 2027 година.
Дваесетиседумгодишниот бразилски фудбалер му се приклучи на Арсенал во 2020 година од Лил и за клубот од северен Лондон досега одигра 210 натпревари, постигнувајќи 20 голови.
„Дојдов како млад играч и по речиси пет години сум среќен што научив многу. Горд сум на себе, ова е неверојатно патување и среќен сум што го продолжувам. Се надевам дека ќе освојувам трофеи со овој клуб, бидејќи го сакам овој клуб, а и моето семејство го сака“, изјави Габриел за официјалната веб-страницата на Арсенал. ег
ФОТО: ЕПА