• недела, 22 декември 2024

Вучиќ по вечерашните протести во Белград: Никаква револуција не е во тек

Вучиќ по вечерашните протести во Белград: Никаква револуција не е во тек

Белград, 24 декември 2023 (МИА) - Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во вонредното обраќање до јавноста вечерва изјави дека не е во тек никаква револуција и дека земјата е доволно силна да ги брани Србија и Белград.

- Ништо од ова нема да им успее. Се трудиме со блага реакција за да не повредиме некој од случајните учесници. Се собраа 2.490 луѓе, а во овој момент пред градското собрание има вкупно околу 1.195 лица, изјави Александар Вучиќ нешто по 20:00 часот во обраќањето до јавноста во врска со протестот на опозицијата.

Тој додаде дека во регионот „почнале да слават“ и да зборуваат за „успешната револуција што е во тек во Белград“, што, според неговите зборови, покажува дека вечерашните настани во главниот град на Србија „не се само производ на внатрешна мудрост и глупост, туку многу посериозни геополитички околности во кои се обидуваат да ја урнат независноста, самостојноста и суверенитетот на Србија“.

Некои го покажаа своето лице, дека насилството им е единствениот облик на борба, оцени Вучиќ.

- Со денови укажувавме на тоа, го предупредувавме странскиот фактор за тоа, им благодариме на оние странски служби кои јасно ставија до знаење што се подготвува, рече претседателот на Србија.

Оние кои се колнеа дека се борат против насилството, рече тој, само уште еднаш потврдија дека се вистински насилници, силеџии.

- Државата е доволно силна да ја брани Србија, да го брани Белград. Ќе бидат апсени бунтовниците и насилниците, и секогаш така ќе се однесуваме, посочи тој.

- Ќе ја зачуваме слободата, автономијата и независноста. Ќе ја браниме нашата Србија, само да го зачуваме мирот, државата е сигурна, ќе си ја зачуваме куќата, рече Вучиќ. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан