• недела, 22 декември 2024

Вучиќ му честиташе на Путин за победата на претседателските избори

Вучиќ му честиташе на Путин за победата на претседателските избори

Белград, 19 март 2024 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска испрати писмо во кое му ја честита победата на Владимир Путин на претседателските избори во Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ на Инстаграм објави фотографија од средбата со рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко на кого му врачи писмо за Путин.

-Во писмото, покрај честитките за изборната победа, ја објаснив тежината на ситуацијата со која се соочува српскиот народ на Косово и Метохија, значајните политички предизвици со кои се соочува Србија и ѝ се заблагодарив на Руската Федерација за поддршката што ја дава на територијалниот интегритет на Србија, напиша претседателот на Србија.

Вучиќ разговараше со рускиот амбасадор два дена по завршувањето на претседателските избори во Русија на кои Путин победи со повеќе од 87 отсто од гласовите.

Според вчерашните официјални резултати за претседателот Путин во Белград гласале 10,8 отсто руски државјани кои излегоа на гласање на руските претседателски избори во Србија.

Од 3.824 важечки ливчиња, за Путин гласале 512 гласачи (10,8 отсто), а најмногу гласови добил потпретседателот на долниот дом на рускиот парламент Владислав Даванков, од партијата Нови луѓе - 3.185 (67,4 отсто). об/см/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан