Вучиќ: И владата и јас сакаме дијалог и разговори со другата страна
- Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека разговарал со претставниците на Владата и оти заклучиле дека се грижат да ја слушнат другата страна (студентите), дека сакаат дијалог и разговор, наведувајќи дека актуелната ситуација во Србија никому не му одговара.
Белград, 27 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека разговарал со претставниците на Владата и оти заклучиле дека се грижат да ја слушнат другата страна (студентите), дека сакаат дијалог и разговор, наведувајќи дека актуелната ситуација во Србија никому не му одговара.
Вучиќ во палатата „Србија“ рече дека по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се слушале разни обвинувања против државните органи, повици за уривање на државата, како и неодговорни изјави и дека се создала атмосфера што не е од корист за никого во Србија.
„Во тие три месеци дадовме се од себе да покажеме емпатија и помош на семејствата кои тоа го побараа, се обидовме да ги утврдиме причините за трагедијата. Обвинителството поднесе 13 обвиненија против одговорните лица, исто толку колку што донесе една Турција за 80 мртви во голем пожар“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека пред неколку дена побарал од претставниците на Владата конечно да му кажат на што инсистира другата страна. паг/
Фото: МИА архива