• четврток, 18 април 2024

Вучевиќ: Се врши притисок врз Белград и Вучиќ да ги дисциплинираат Бањалука и Додик

Вучевиќ: Се врши притисок врз Белград и Вучиќ да ги дисциплинираат Бањалука и Додик

Белград, 22 февруари 2023 (МИА)-Министерот за одбрана и лидер на СНС, Милош Вучевиќ, изјави дека врз Белград и претседателот Александар Вучиќ постои притисок да ги „дисциплинираат“ Бањалука и претседателот на Република Српска Милорад Додик, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучевиќ за Радио-телевизија на Република Српска (РТРС) изјави дека Србија ја почитува Босна и Херцеговина како пријателска соседна земја, составена од два еднакви ентитети и три конститутивни нации.

Според него, Белград, „за разлика од некои политички структури во Сараево“, многу јасно кажува дека го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

-Меѓутоа, политичката елита во Сараево не го почитува територијалниот интегритет на Србија, но тоа не може формално да го спроведе поради Република Српска и српскиот народ во Босна и Херцеговина во врска со прашањето за Косово и Метохија, изјави Вучевиќ.

Тој додаде дека Србија се грижи за опстанокот на Република Српска, и оцени дека сè она што исклучува еден народ и еден ентитет и „се што е наметнато“ не е добро за Босна и Херцеговина. об/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан