• петок, 22 ноември 2024

Вулин во име на Србија им се обрати на учесниците на состанокот на БРИКС за безбедност во Русија

Вулин во име на Србија им се обрати на учесниците на состанокот на БРИКС за безбедност во Русија

Белград, 12 септември 2024 (МИА) - Вицепремиерот на Република Србија, Александар Вулин на средбата на високи претставници за безбедност на земјите од БРИКС и земјите партнери во Санкт Петербург остро зборуваше за Западот, јави дописникот на МИА од Белград.

Вулин оцени дека со обединувањето на Германија започнала одмаздата за поразот во Втората светска војна, односно светски конфликт чии први жртви, како што нагласи, биле Југославија и СССР.

Вулин, како што соопштија од Владата на Србија кажа дека Србија очекува големите сили да ја преземат одговорноста за судбината на планетата, побара во светот да се врати стравот од уништување, срамот за злосторствата од минатото и да се воспостави систем на колективна безбедност во кој правилата ќе се знаат и во кој обоените револуции нема да бидат начин за промена на изборната волја на граѓаните.

Вулин рече дека БРИКС може да понуди не само економски сојуз, туку и да прерасне во гарант на безбедноста што ќе ги врати рамнотежата и стравот во светот.

- Светот се заснова на лаги. Така, Русите ги излажаа дека НАТО нема да се прошири на исток, исто како што се согласија дека договорот од Минск е договор за мир, а не за купување време за подготовка за војна со Русија. Така нас Србите не лажеа дека проблемот на Косово и Метохија ќе се реши во рамките на Обединетите нации и резолуцијата 1244, дека ќе се спроведе Бриселскиот договор потпишан со Европската Унија, а сите вас драги пријатели ве лажеа дека во 1999 година ја убиваа Србија затоа што таа вршела злосторства. И дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори. Исто како што сите ве лажеа дека во Сребреница е извршен геноцид, дека Србите се геноцидна нација, рече потпретседателот Вулин во своето обраќање и праша: „Зарем Германците не се геноцидна нација, а Србите се?“.

Вулин според владиното соопштение заклучи дека во светската политика е неопходно враќање на стравот или разумот и дека Србија очекува од големите сили да ја преземат одговорноста за судбината на планетата и да воспостават нови безбедносни системи. об/мс/

фото: БЕТА

Остани поврзан