Втор трофеј за фудбалерките на Арсенал во Лигата на шампионите
- Арсенал вчеравечер во Лисабон ја победи Барселона со 1:0 во финалето на женската Лига на шампиони.
Лисабон, 25 мај 2025 (МИА) - Арсенал вчеравечер во Лисабон ја победи Барселона со 1:0 во финалето на женската Лига на шампиони.
Единствениот гол го постигна Стина Блакстениус во 74. минута.
За лондонскиот клуб ова е втора победа во Лигата на шампионите и прва по 18 години.
Каталонките го освојуваа трофејот во последните две години. зс/
Фото: ЕПА