• четврток, 26 декември 2024

Втор предлог за импичмент против јужнокорејскиот претседател

Втор предлог за импичмент против јужнокорејскиот претседател

Сеул, 13 деекември 2024 (МИА)  -  Втор предлог за импичмент против јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол поради прогласување воена состојба на 3 декември беше поднесен денеска до Парламентот, јавија јужнокорејските медиуми.

Главната опозициска Демократска партија планира да го стави предлогот на гласање на претстојната пленарна седница в сабота.

Првото барање за импичмент на Јун беше одбиено минатата сабота бидејќи мнозинството пратеници на владејачката партија го бојкотираа гласањето. зш/

Остани поврзан