• петок, 22 ноември 2024

Втор ден од меѓународниот финансиски форум во Скопје, во фокусот зелената економија и човечкиот капитал

Втор ден од меѓународниот финансиски форум во Скопје, во фокусот зелената економија и човечкиот капитал
Скопје, 7 септември 2021 (МИА) - Вториот ден од Првата годишна конференција, што ја организира Министерството за финансии, е посветен на јавните и приватните инвестиции, на зелената економија и човечкиот капитал. За денеска најавени се три панели, а воведни обраќања ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. На првиот панел посветен на јавните приватни инвестиции и конкуретноста, говорници ќе бидат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, потпретседателот на ЕИБ, Лилјана Павлова, потпретседателот на ЕБРД, Јурген Ригтеринк, министрите за економија и за транспорт и врски Крешник Бектеши и Благој Бочварски, регионалниот директор на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа, Ари Наим, како и претседателите на трите најголеми стопанските комори во земјава Бранко Азески, Данела Арсовска и Неби Хоџа. На вториот панел насловен „Паметен и зелен раст на економијата“ ќе се обратат еврокомесарот Паоло Џентилони, извршниот директор на Конституенцата во ММФ, Пол Хилберс, директорот на СБ за РС Македонија, Масимилијано Паолучи, регионалниот директор на МИГА за Европа и Централна Азија, Олга Шловскаја, постојаната претставничка на УНДП во РС Македонија Нарине Сахакјан и министерот за животна средина Насер Нуредини. Конференцијата ќе биде заокружена со панел посветен на човечкиот капитал. Се очекува да бидат презентирани идеи кои ќе дадат одговор како да се зајакне образовниот и здравствениот систем, како и други клучни прашања во овој дел. Најавени говорници се Ролф Вензел, гувернер на Развојната банка на Советот на Европа, министрите за здравство, образование, надворешни работи, локална самоуправа и култура во земјава, како и Хари Патринос, менаџер за образование во СБ за Европска и Централна Азија и Јамеле Риголини, програм лидер за човечки развој во СБ за Западен Балкан. Завршните заклучоци од конференцијата ќе ги презентираат министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски и државниот секретар во Министерството за финансии Јелена Таст. Конференцијата во Скопје на едно место собра претставници од меѓународни финансиски институции, бизнис секторот и извршната и локалната власт од земјава и регионот кои дебатираат за економското заздравување и растот по Ковид кризата. бак/дма/

Остани поврзан