• четврток, 12 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Втора шампионска титула за кошаркарките на Баскет Кам

Втора шампионска титула за кошаркарките на Баскет Кам

Скопје, 14 мај 2023 (МИА) – Екипата на Баскет Кам по втор пат во историјата на македонското кошаркарско првенство стигнаа до шампионскиот трофеј. 

 

Вечерва во Скопје, во третиот натпревар од финалната серија на плејофот, тимот предводен од тренерот Златко Гоцевски славеше со 68:59 и со чисти 3-0 го симна Бадал од тронот.

 

Првиот трофеј кошаркарките од Македонска Каменица го освоија во 2021 година.

 

Најзаслужна за победата на Баскет Кам беше Елена Тасевска со 22 поена. Таа е прогласена за МВП во финалната серија.

 

Во поразениот тим се истакна Американката Кетлин Метју исто така со 22 поена. зс/

 

 

Остани поврзан