• сабота, 18 мај 2024

Втора убедлива победа на македонските младинци на ракометниот „Трофеј Карпати“

Втора убедлива победа на македонските младинци на ракометниот „Трофеј Карпати“

Баја Маре, 16 декември 2023 (МИА) – Македонската машка младинска ракометна репрезентација го забележа и вториот убедлив триумф на традиционалниот меѓународен турнир „Трофеј Карпати“, совладувајќи ја вечерва Словачка во рамки на второто коло со 33-23.

Македонските ракометари доминираа на паркетот од самиот почеток и сите дилеми околу победникот ги решија веќе по првиот дел по кој „црвено – жолтите“ заминаа на пауза со предност од високи 18-11.

Најефикасен во македонските редови беше Димитар Узунчев со десет голови.

Настапот на турнирот, што се одржува во Баја Маре, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ го стартуваа со убедлива победа вчера над Саудиска Арабија од 39-27.

Противник на македонските ракометари во завршното трето коло утре со почеток во 17:30 часот ќе биде домаќинот Романија. ег/бак/

Фото: РФМ

Остани поврзан