Врховниот суд на Мичиген го отфрли обидот за блокада на кандидатурата на Трамп за изборите во 2024 година
- Пресудата му дозволува на Трамп да остане на гласачкото ливче во оваа држава. Гласачите се обидоа да го дисквалификуваат Трамп според одредбата во американскиот Устав со која им се забранува на луѓето кои учествувале во „востание или бунт“ да држат функција доколку претходно се дале заклетва пред САД.
Вашингтон, 27 декември 2023 (МИА) - Врховниот суд на американската сојузна држава Мичиген одби да ја разгледа петицијата на гласачите со кои се бара дисквалификување на Доналд Трамп од претседателските избори следната година заради неговата улога во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.
Пресудата му дозволува на Трамп да остане на гласачкото ливче во оваа држава.
Гласачите се обидоа да го дисквалификуваат Трамп според одредбата во американскиот Устав со која им се забранува на луѓето кои учествувале во „востание или бунт“ да држат функција доколку претходно се дале заклетва пред САД.
Врховниот суд на државата Колорадо, минатата недела, ја дисквалификуваше кандидатурата на Трамп во оваа сојузна држава, повикувајќи се на споменатата уставна одредба. сд/