• петок, 22 ноември 2024

Врховниот суд на Индонезија ги разгледува жалбите на кандидатите кои тврдат дека изборите биле наместени

Врховниот суд на Индонезија ги разгледува жалбите на кандидатите кои тврдат дека изборите биле наместени

Џакарта, 27 март 2024 (МИА) - Уставниот суд на Индонезија ги сослуша жалбите на двајцата претседателски кандидати кои бараат прегласување, наведувајќи големи нерегуларности и измами на неодамнешните избори на кои и двајцата загубија.

Министерот за одбрана Правобо Субианто победи на изборите во февруари со 58,6 отсто од гласовите, но другите двајца поразени кандидати, поранешниот гувернер на Џакарта, Аниес Басведан и поранешниот гувернер на провинцијата Централна Јава, Ганџар Праново, тврдат дека изборите биле компромитирани со бројни нерегуларности и во одделни тужби бараат од Уставниот суд на земјата да ги поништи и да нареди организирање нови избори.

Додека двајцата кандидати лично ја поднесоа својата жалба до судот, група од десетици демонстранти протестираа во близина на зградата на судот, која ја обезбедуваа повеќе од 400 полицајци.

Басведан, исто така, рече дека локалните и провинциските функционери биле под притисок или наградени за да влијаат на изборите и дека државната социјална помош била користена како „алатка за помош на еден од кандидатите“.

На средината од кампањата беа исплатени огромни суми од социјалната помош, многу повеќе од сумата потрошена за време на пандемијата на Ковид-19, а актуелниот претседател Видодо лично ги дистрибуираше средствата во голем број провинции.

Главниот судија го одложи рочиштето за следниот четврток кога новоизбраниот претседател Субианто и претставниците на Државната изборна комисија треба да ги изнесат своите контрааргументи.

Одлуката на судот се очекува на 22 април и нема можност за жалба. паг/

Фото: ЕПА
  

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан