• петок, 17 мај 2024

Врнежите добредојдени за земјоделството

Врнежите добредојдени за земјоделството

Скопје, 6 март 2023 (МИА) - Врнежите што ја зафатија земјава се добредојдени за земјоделството. Им годат на културите за пролетното будење, ја надополнуват влагата во почвата и овозможуваат подготовка на површините за садење, велат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, и во следните денови под влијание на циклонска активност од запад времето се очекува да се задржи променливо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Температурите ќе бидат без поголеми промени. Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 на повисоките места до 9 степени на максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 17 степени.

-Изминатата недела имавме променливо време со врнежи од дожд. Ваквите временски услови и врнежите од дожд се уште им годат на културите кои го одржуваат на исто ниво пролетното будење, што е добро во овој период од годината. Исто така, врнежите од дожд ја надополнуват влагата во почвата која е добредојдена во овој период за успешно навлегување на посевите во период на пролетен развој во кој, според биологијата на растенијата, побарувањата од вода се големи. Потребна е и влага за пролетната подготовка на почвата за садење одредени  култури, навеудваат агрометеоролозите. мч/дма/

 

Остани поврзан