ВРЕДИ за Дебар, Мустафа Даути ја постави таблата на албански јазик на граничниот премин Блата
- Овој резултат е плод на ангажманот на Мустафа Даути, заменик директор на Царината на Северна Македонија и кадар на ВРЕДИ, кој нагласува дека ова е само еден чекор од многуте што се преземаат за да се обезбеди јазична еднаквост и институционално достоинство во секој дел на земјата.
Скопје, 26 октомври 2025
Посветеноста и ангажманот на ВРЕДИ за Дебар даваат конкретни резултати на терен. По поставувањето на двојазичните табли во Белановце, Ќафасан и Блаце, сега и граничниот премин Блато ја доби својата целосна форма со табла на албански јазик, поставена на местото што му припаѓа, стои во соопштението на ВРЕДИ што МИА го пренесува интегрално.
Овој резултат е плод на ангажманот на Мустафа Даути, заменик директор на Царината на Северна Македонија и кадар на ВРЕДИ, кој нагласува дека ова е само еден чекор од многуте што се преземаат за да се обезбеди јазична еднаквост и институционално достоинство во секој дел на земјата.
„По многу години занемарување, го враќаме она што е и законска и морална обврска, присуството на албанскиот јазик во јавниот простор. Ние не правиме пропаганда, туку конкретни дела. Довербата на граѓаните е наш аманет, а чесната работа е најголемата награда за таа доверба“, изјави Даути.
Во Блато, албанскиот јазик денес стои таму каде што му припаѓа, на таблата, во институцијата и во срцето на секој Албанец. Овој чин е симбол на новата ера на јазично достоинство, за која ВЛЕН работи со посветеност, сериозност и видливи резултати.
Фото: ВРЕДИ