• петок, 26 април 2024

Во јуни Албанија ќе биде домаќин на регионална европска конференција на Интерпол

Во јуни Албанија ќе биде домаќин на регионална европска конференција на Интерпол

Тирана, 19 април 2024 (МИА) - Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала информираше дека од 11 до 13 јуни во Албанија ќе се одржи регионална европска конференција на Интерпол.

Т додаде дека ова е одлична оценка за државата, нагласувајќи дека ваквите дела покажуваат дека албанската полиција постигнала голем успех во својата работа.

-Албанија е избрана за домаќин на европската регионална конференција на меѓународната организација на криминална полиција, Интерпол, што ќе се одржи во Тирана од 11 до 13 јуни. Тоа е оценка за Албанија во целина, но и за добрите резултати што ги постигна државната полиција, која ја зајакна борбата против организираниот криминал, против неказнивоста, бидејќи тоа е директно поврзано со нова етапа меѓу Албанија и Интерпол, рече Бала.

Меѓу другото посочи дека на конференцијата ќе учествуваат и министрите за внатрешни работи и директорите на државните полиции на европските земји. вт/ссм/

Фото: принтскрин

Остани поврзан