Во Штип се реализираше акција Генералка викенд
- Низ штипските населби денеска се реализираше четвртата по ред акција Генералка викенд. На неколку локации во централното градско подрачје и низ речиси сите населби се собираше смет. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов кој денеска учествуваше во акцијата рече дека се вклучени административните работници од општината, екипи од јавните претпријатија како и од урбаните заедници, со цел да се исчистат населените места.
Штип, 10 мај 2025 (МИА) – Низ штипските населби денеска се реализираше четвртата по ред акција Генералка викенд. На неколку локации во централното градско подрачје и низ речиси сите населби се собираше смет. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов кој денеска учествуваше во акцијата рече дека се вклучени административните работници од општината, екипи од јавните претпријатија како и од урбаните заедници, со цел да се исчистат населените места.
-Целта е да се подигне јавната свет, да се влијае за зачувување на животната средина. Вклучени се административците, преставници од урбаните заедници, јавните претпријатие во неколку населби. Колку повеќе ѓубре се собере толку повеќе садници ќе бидат обезбедени за Штип, изјави Јорданов.

Тој додаде дека треба да се работи на јавната свест кај сите граѓани со цел да се зачува чиста животната средина. Во акцијата беа вклучени и учениците од основните и средни училишта во Штип, а се чистеше и во текот на вчерашниот ден.
-Секогаш мораме заедно со училиштата, да влијаеме и кај помладата популација, но и кај секој еден поединец да се однесува одговорно, рече Јорданов.
На секои десет килограми собран отпад од „Генералка викенд“ се посветува по едно дрво од годишните планови за пошумување. Во изминативе четири години беа собрани еден милион килограми отпад за време на акцијата Генералка викенд. вдј/aa/
Фото: МИА