• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Штип се реализираат неколку инфраструктурни проекти во училиштата

Во Штип се реализираат неколку инфраструктурни проекти во училиштата

Штип, 1 април 2025 (МИА) – Почнаa реконструкциите на спортските сали во Општинските основни училиште „Тошо Арсов“ и „Димитар Влахов“. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека реконструкцијата на двете училишни спортски сали е потребна, а градежните активности ќе траат неколку месеци.

-Знаете дека голем број на спортисти, спортски клубови и рекреативци ги користат овие спортски сали и во Основното училиште „Тошо Арсов“ и во училиштето „Димитар Влахов“, во кои со годините наназад се јавувала потребата од реконструкција. Но, еве во 2025 година е одвоен буџет, со кој комплетно ќе бидат реконструирани, вели Јорданов.

Тој најави дека со половина милион евра од Министерството за образование и наука и од буџетот на Општина Штип ќе се реализираат неколку проекти во образовните институции, меѓу кои и промени на покривната конструкција на Гимназијата „Славчо Стојменски“. Предвидено е и реконструкција на тоалети во ООУ „Тошо Арсов“, како и уредување на неколку спортски терени низ населбите во Штип.

-Завршена е тендерската постапка за покривот на Гимназијата „Славчо Стојменски“ и за многу кратко време предвидено е економскиот оператор да влезе со активности, изјави Јорданов. вдј/мд/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан