Во Штип одбележан Светскиот ден за борба против СИДА
- Општина Штип денеска го одбележа Светскиот ден за борбата против СИДА, кој се одбележува на 1 декември. Општината во изминатиот период реазлизираше проект преку кој сите средношколци се запознаа со ваквото заболување. Раководителот на секторот за образование при Општина Штип, Снежана Санева вели дека проектот се реализираше во сите средни општински училишта со цел подигање на свеста за ваквото заболување во насока на превенција.
Штип, 2 декември 2024 (МИА) - Општина Штип денеска го одбележа Светскиот ден за борбата против СИДА, кој се одбележува на 1 декември. Општината во изминатиот период реазлизираше проект преку кој сите средношколци се запознаа со ваквото заболување. Раководителот на секторот за образование при Општина Штип, Снежана Санева вели дека проектот се реализираше во сите средни општински училишта со цел подигање на свеста за ваквото заболување во насока на превенција.
-Целта на денешната прес-конференција е информирање на јавноста за реализација на проектот подигање на свеста на средношколската младина на сексуално преносливите болести и последици од нив во насока на превенција на истите. Ова е проект од програмата за еднакви можности за 2024 година. Како што беше планирано проектот се реализираше во сите средни општински училишта и во Државното средно музичко училиште „Сергеј Михајлов“, рече Санева.
Едукацијата за заштитата од ваквото заболување е од голема важност за средношколците, согласна е и д-р Јасмина Саздовска.
- Во овој проект беа опфатени вкупно 470 ученици, со што покрај што тие имаа предавање, им се давашe предтестирање и постестирање за да се проверат нивните знаења, вели Саздовска.
Инаку, борбата против болеста СИДА трае повеќе од 30 години. Главната цел на овој ден е да се предупреди и да се обезбеди трансфузија на крв, како и третман и профилакса. Секоја година на 1 декември речиси во сите земји се одбележува, со се поголеми информативни кампањи за заштита од оваа болест. вдј/сст/
Фото: МИА