• петок, 05 декември 2025

Во Штип одбележан Денот на независноста

Во Штип одбележан Денот на независноста

Штип, 8 септември 2025 (МИА) - Со положување цвеќе пред споменикот на борците од егејскиот дел на Македонија, со свечени говори, музички настапи во штипската населба Македонка се одбележа 8 Септември – Денот на независноста.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов порача дека наша обврска е да го продолжиме долговековниот сон – да ја чуваме и развиваме Македонија.

-Денес заеднички го одбележуваме денот кога пред 34 години граѓаните на нашата земја ја избраа самостојноста со јасна определба и обединетост, впишувајќи ја Македонија на мапата на светот како суверена и независна држава.  Овој историски датум не е само момент на сеќавање туку симбол на исполнетата вековна борба за сопствена држава – слободна, праведна и демократска. Ова е ден кога ја славиме зрелоста на народот, неговата решителност и визијата за иднината, рече Јорданов. 

Свои обраќања имаа претставници на Здруженија на децата бегалци од Егејска Македонија, како и од ОМО Илинден во Бугарија.

Стојан Димков од Здружението „Мирка Гинова“, кое секоја година го организира настанот, порача младите да не ја напуштат државата, бидејќи подобро е да се живее во сопствената земја, отколку во туѓина. вдј/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан