• понеделник, 06 мај 2024

Во Штип гори кај Мирјанина црква

Во Штип гори кај Мирјанина црква

Штип, 23 јули 2023 (МИА) - Штипските пожарникари го гаснат пожарот кај Мирјанина црква во близина на Штип. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на ова место се зафатени околу 70 хектари сува трева и борова шума. Во моментов помош на пожарникарите се врнежите од дожд. Не се загрозени објекти или куќи. Во Штип попладнево активни беа три пожари.

-Пожарот во близина на фабриката Мебел е ставен под контрола и таму имаме оставено едно возило со пожарникари, со цел да контролираат, додека пожарот во Карорман е целосно изгаснат, вели Коцев.

Посочи дека од попладнево на терен се 14 пожарникари со четири противпожарни возила, кои гаснеа пожари на три локации во штипскиот регион. вдј/лв/

Фото: МИА

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан