• недела, 09 јуни 2024

Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп

Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп

Велес, 25 мај 2024 (МИА) - Во атарот на село Степанци, на местото „Црници“ во Општина Чашка, вчера од страна на полициските службеници од СВР Велес беа затекнати 64-годишниот И.Ш. и 33-годишниот Е.А, двајцата од Прилеп, кои пренесувале дрва без соодветна документација.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, од нив било одземено патничко возило „лада“ без регистарски ознаки, натоварено со дрва, и две моторни пили.

Од СВР Велес, најавија дека по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.ад/бт/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан