• петок, 05 декември 2025

Во централната џамија во Дебар одржана молитвата за 84 верници кои утре ќе патуваат на аџилак

Во централната џамија во Дебар одржана молитвата за 84 верници кои утре ќе патуваат на аџилак

Дебар, 28 мај 2025 (МИА) – За верниците од дебарското муфтиство, кои годинава одлучија да го рализираат петтиот столб на исламот - аџилакот, денеска во централната џамија „Хаџи Вехби Дибра“ во Дебар се одржа молитвата (довата) на која им беше посакано безбедно патување, лесен и прифатен хаџ.

-По претходно реализираните потребни подготовки, пред два дена имавме организираа средба со верниците кои годинава ќе ги посетат светите места. На истата имамите водичи им ги дадоа најважните упатства за сите фази на хаџот. Сега тие целосно се подготвени за нивниот пат, што го почнуваат утре во 11 часот од пред централната џамија во Дебар, а потоа од Скопје со чартер лет, рече за МИА имамот Орхан Зенго, секретар на муфтиството.

Според него, од Дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и општина Маврово и Ростуше, годинава во посета на светите места Мека и Медина, ќе заминат 84 верници и тројца водичи.

Како што претходно информираше за МИА Ирсал Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница, годинава на аџилак ќе бидат 2020 верници од нашата земја, што е идентичeн број како минатата година. Цената за аранжман за хаџ 1445/2025 е 6.700 евра, што е повисока за 150 евра од  минатата година.

Големиот празник Курбан Бајрам секогаш се слави четири дена, а годинава се паѓа на 6 јуни. вт

Фото: Дебарско муфтиство

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан