• четврток, 20 февруари 2025

Во Хрватска три лица обвинети за крипто измама

Во Хрватска три лица обвинети за крипто измама

 

Загреб, 19 февруари 2025 (МИА) – Хрватското обвинителство подигна обвиненија против три лица поради организирање на шема за криптовалути, вредна милиони евра, со која измамиле повеќе од 200 луѓе.

Тројцата обвинети, кои помогнале во водење на компанија што наводно посредувала за тргување со криптовалути, се обвинети за измама. Обвинетите ги охрабрувале инвеститорите да инвестираат … иако знаеле дека компанијата што ја застапуваат … нема да тргува со пренесените виртуелни валути, туку ги користи за свои потреби, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Според обвинението, тројцата измамиле најмалку 220 инвеститори за најмалку 4,6 милиони евра. Измамите се извршени во периодот од 2018 година до 2023 година во Риека.

Обвинетите доколку бидат прогласени за виновни може да се соочат со казна затвор до осум години. Тие беа уапсени во ноември 2023 година и ослободен по три месеци. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан