• понеделник, 18 ноември 2024

Во февруари имало 39 сообраќајни незгоди во Тетовско, за 26 помалку во истиот месец во 2021

Во февруари имало 39 сообраќајни незгоди во Тетовско, за 26 помалку во истиот месец во 2021
Тетово, 3 март 2022 (МИА) - Во текот на февруари 2022 година на тетовското подрачје се евидентирани вкупно 39 сообраќајни незгоди, при што нема луѓе кои го загубиле животот.  Оваа бројка претставува намалување за 26, ако се споредува со февруари 2021 година, велат податоците од одделението за статистика при СВР Тетово. -Нема загинати лица, а намалени се и несреќите со тешко повредени лица на само две, бројки и податоци кои сами по себе зборуваат дека состојбите со безбедноста на сообраќајот на ова подрачје бележат позитивен тренд. Ова, уште повеќе што и „сообраќајките“ со поголема материјална штета биле само неколку од  вкупно 19-те, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да не престигнуваат на забранети места и секогаш да им даваат првенство на пешаците, посебно на сообраќајници на кои нема обликувани тротоари или обележани премини. На пешаците, пак, им се советува да не преминуваат каде ќе стигнат и да ја почитуваат постоечка светлосна сигнализација на крстосниците, за да не се изложуваат на ризик да бидат удрени од некое возило. Во текот на минатиот месец бројот на пречекорувања на максимално дозволената брзина е 384, регистрирани се 282 прекршоци - недавање предност на пешаци, а регистрирани се и 40 возачи кои непрописно престигнувале. Покрај ова, регистрирани се и 123 прекршоци што ги направиле пешаци, кои најчесто ги преминувале улиците надвор од обележани пешачки премини и кои биле повикани на таканаречена „сообраќајна поука“. ас/цр  

Остани поврзан