• петок, 05 декември 2025

Во Тирана уапсен скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија

Во Тирана уапсен скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија

Дебар, 13 јули 2025 (МИА) – Албанската полиција во рамки на акцијата „Операција 54“, уаспила македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од Австрија, каде за сторени тешки кривични дела.

-Дирекцијата на силите за специјални операции успешно финализираше уште една акција за апсење на меѓународно барани лица. Уапсен е М.А.(41) роден и со живеалиште во Скопје, Северна Македонија, кој се бара со меѓународна потерница издадена од Јавното обвинителство во Инсбрук, Виена, Австрија. Тој се бараше за сторени тешки кривични дела како што се: „Трговија со дрога“, „Опасна закана“, „Тешка изнуда“ и „Повреда“.За вакци дела со австрискиот Кривичен законик, предвидена е максималната казна до 20 години затвор, стои во полициското соопштение.

Според истиот извор во Тирана, органите на редот го лоцирале и уапсија М.А. При физичкиот претрес, пронајдена и запленета е марихуана, која е искористена како материјален доказ во истрагата.

Интерпол Тирана ги продолжува законските процедури за екстрадиција на лицето, во соработка со австриските власти.

На 6 овој месец на граничниот премин „Ќафасан“, на албанско - македонската граница кај Струга, при влез на албанска територија уапсен беше е А.А (34) жител на Кичево бран со меѓународна потерница, издадена од Интерпол Берн/Швајцарија, осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога. вт/дма/

 

Фото: МВР-Албанија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан