• сабота, 21 декември 2024

Во Тетово се одржа панел-дискусија за потребата за образовни програми за ментално здравје кај младите

Во Тетово се одржа панел-дискусија за потребата за образовни програми за ментално здравје кај младите

Тетово, 19 јуни 2024 (МИА) - Во Тетово се одржи панел-дискусија на тема „Колку се важни образовните програми за благосостојбата и менталното здравје кај младите?, настан што е дел од регионалниот проект „Нашите тела не се табу“ што се спроведува во Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Во Северна Македонија проектот го спроведуваат здруженијата ХЕРА и Тиииит! Инк. со поддршка од Француската амбасада.

– Денеска, заедно со стручните лица со педагозите, психолозите, социјалните работници, со здравствените работници, практични отвораме темата како како општество може сите заедно да се сплотиме и да разговараме да се унапредат образовните потреби да бидат онакви како што ќе им одговараат на потребите на младите, односно на начин на којшто. Младите во нашата земја може практично да се чувствуваат безбедно и за сите теми коишто се од интерес за нивното здравје ќе разговараат. Токму во училишните клупи, онаму каде што го поминуваат најголем Дел од нивното, изјави Елизабета Божиноска, програмска директорка на ХЕРА.

Гордана Блажевска – Спиридонова училиштен психолог, смета дека повеќе истражувања кажуваат за бројки според кои треба да се обрне внимание на менталното здравје. 

- Тие бројки кажуваат во каква состојба ни се децата, во каква состојба ни се младите, а можеби и граѓанството. Никој нив не ги прашува што е со нивната ментална хигиена и како тие се грижат за себе, така и за мошне важна застапеноста на овие теми во медиумите. Имаат важна улога во акцентирањето на важноста за грижата за менталното здравје, пронаоѓање на начини како институциите можат да го поддржат да оваа јавна слика за вложувањето во менталното здравје, а таа веќе во последниве две-три години влегува постапно во рамки на образовните институции каде што се овозможува еве сега веќе влегува преку задолжителни годишни програми со реализирање на различни активности во кои ќе се вложува и во превентивни активности во грижа за децата и за младите, рече Гордана Блажевска – Спиридонова.

Ајше Ајрулаи од Бирото за развој на образованието вели дека има пилот наставна програма изработена со невладини организации во четири училишта. - Согласно резултати и евалуацијата се ревидира и истата согласно реформите во основно образование станува дел од наставна програма која има статус на изборна наставна програма и учениците од 15 години од деветто одделение може да го изберат како изборен предмет и да се едуцираат за нивното сеопфатно образование од аспект на сексуалноста, изјави Ајрулаи. 

Рон Ѓиновци од невладината организација „ОРКА“ од Косово посочи дека таму ситуацијата е слична како и во другите земји во Западен Балкан, а прашањата за ментално здравје на младите сè уште се табу-темa. ас/сст/
фото МИА 

Остани поврзан