• недела, 22 декември 2024

Во Тетово лишен од слобода бегалец од КПУ Затвор Идризово 

Во Тетово лишен од слобода бегалец од КПУ Затвор Идризово 

Скопје, 9 јануари 2024 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 18 часот во Блок 70 во Тетово, го лишиле од слобода 36-годишниот Р.А. од тетовско Одри, по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје од 3 години, 11 месеци и 28 дена.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето ќе биде спроведено во поправната установа, а бил осуден за сторено кривично дело „тешка кражба" и „обид за тешка кражба".

Од МВР соопштувата дека истовремено биле расчистени уште две тешки кражби и два обида во кои бил инволвиран Р.А.свс/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан