• среда, 25 декември 2024

Во Судан 25 лица загинаа во напад на паравоените сили врз едно село

Во Судан 25 лица загинаа во напад на паравоените сили врз едно село

Картум, 7 април 2024 (МИА) -  Најмалку 25 лица загинаа во Судан во напад на паравоените сили врз село јужно од главниот град Картум, соопшти денеска локалниот милитантен комитет.

Силите за брза поддршка (РСФ), кои веќе една година војуваат со редовната армија, го нападнаа селото Ум Адам, кое се наоѓа на 150 километри јужно од Картум, се вели во соопштението на локалниот Комитет за отпор, продемократски локална организација.

Војната во Судан започна на 15 април минатата година меѓу командата на генералот Абдел Фатах ал Бурхан и паравоените сили предводени од неговиот поранешен заменик, генералот Мохамед Хамдан Дагло.

Илјадници загинаа во борбите, а 8,5 милиони луѓе се раселени, според податоците на ОН. Војната, исто така, во голема мера ја уништи и онака слабата инфраструктура на земјата.

Во нападот што се случи во саботата, повеќе од 200 лица се повредени, некои потешко, а повеќе од 20 загинаа, соопшти денеска локалниот одбор. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан