• петок, 22 ноември 2024

Во Струмица промовиран „Родителски фронт“ против родовата идеологија и индоктринација на децата во образовниот процес

Во Струмица промовиран „Родителски фронт“ против родовата идеологија и индоктринација на децата во образовниот процес

Струмица, 14 септември 2023 (МИА) - Вечерва на Градскиот плоштад ,,Гоце Делчев" во Струмица беше промовирано Здружението „Родителски фронт“ кое преку информативен собир ги запозна граѓаните со работата и целите, кое застанува против родовата идеологија и индоктринација на децата во образовниот процес.

На настанот насловен „За нашите деца“ се собираа потписи за петиција и се зачленуваа граѓани во Здружението, а според организаторите здружението се формира со една цел за заштита на децата од родовата идеологија и пропаганда во документите, наставните програми и актите во училиштата.

-Втората цел е промовирање и заштита на традиционалните семејни вредности. Вечерва организиравме промотивен настан со цел гласно и јасно да кажеме не на родовата идеологија и пропаганда во училиштата. Ние сме тука за да кажеме дека сме закрила на нашите деца и никој освен нас, родителите нема право да одлучува за тоа што ќе учат во училиштата, изјави Мариета Дукиќ од „Родителски фронт“.

Според Ѓорги Танушев, независен советник во Советот на Општина Струмица, треба да се поддржи овој настан и да се изрази загриженост за тоа што им се случува на децата.

-Особено со последните материјали што излегоа во јавноста, она што во формалното образование веќе постои треба да се ревидира и во таа смисла треба да се загрижиме што ни учат децата и каква иднина ќе имаме ако ги оставиме работите така да течат, рече Танушев.

На настанот настапи Оркестарот „Стихири“, а пред насобраните граѓани се обратија говорници кои ги искажаа свооите ставови против родовата идеологија и индоктринацијата на децата во образовниот систем. рт/дма/

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан