• петок, 15 септември 2023

Во Струмица одбележан Денот на згрижувачките семејства

Во Струмица одбележан Денот на згрижувачките семејства

Струмица, 1 јуни 2023 (МИА) - Денес имаме 360 згрижувачки семејства во кои се сместени над 600 деца без родителска грижа, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренечевска на хепенингот во Струмица со кој се одбележа Денот на згрижувачките семејства.

Според неа, се зголемува и бројот на нови згрижувачки семејства и во Струмица, каде има три нови такви семејства, а до крајот на годината Тренчевска очекува тој број да се зголеми.

-Ова е дел од процесот на деинституционализација, којшто не само во регионот, туку и во светски рамки од нашата држава се зема како пример како добро го води процесот и сме единствена држава во регионот во која нема ниту едно дете под 18 години без родители и родителска грижа сместено во дом, туку во семејства и мали заедници каде децата имаат 24 часовна грижа и со атмосфера која наликува на семејната атмосфера со многу љубов и многу грижа, рече министерката за труд и социјална политика.  

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, поздравувајќи ги учесниците на денешното одбележување, подвлече дека e убеден оти се уште постојат големи човечки срца во кои има доволно топлина и семејна љубов за споделување. 

-Во моето обраќање на минатогодишниот настан посветен на згрижувањето ветив дека Општина Струмица ќе обезбеди средства за годишен одмор за згрижувачките семејства од Струмица. За жал, поради бирократски пречки се уште немаме добиено податоци за тие семејства, но јас се уште стојам на моето ветување, затоа што згрижувачките семејства тоа го заслужуваат, рече струмичкиот градоначалник.

На хепенингот говореше и Јулијана Гапо, Национален координатор на СОС Детско село. Таа истакна дека со овој собир се потенцира важноста на згрижувањето и важноста на згрижувачкото семејство.рт/лв/

Фото: МИА

 

Остани поврзан