• сабота, 23 ноември 2024

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Во Струмица изложба „10 до 12“  на Костадин Батев

Струмица, 6 април 2024 (МИА) - Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со кафе бар „Нагоре“, како дел од неформалниот тековен концепт-проект „Ѕид на ументоста“, вечер ќе ја отворат изложбата на дела мал формат насловена „10 во 12“ на ликовниот уметник Костадин Батев.

-Во овој избор насловен „10 во 12“ ќе видиме 12 дела изработени во мал формат изминативе 10 години. Тие претставуваат своевиден пресек на една декада творење на Костадин Батев и претставуваат целина од неколку засебни минијатури, графики и акварели кои коегзистираат и како засебни единки и како целина. Костадин Батев е познат на струмичката публика, неговото творештво е веќе дел од колективната меморија на струмичките колекционери и љубители на уметноста. Тој како учесник на Меѓународната ликовната колонија и со своја самостојна изложба веќе ги има претставувано своите сликарските светогледи пред своите сограѓани, стои во информацијата од организаторите.

Костадин Батев е роден 1979 година во Струмица. Средно училиште завршил во УПУ „Лазар Личеновски“ – Скопје во 1997 година, а во 2004-та година дипломира на ФЛУ, отсек сликарство со графички дизајн во класата на професор Вело Ташовски.  Член на ДЛУС е од 2000 година, а зад себе има шест самостојни изложби и голем број групни изложби и учества на ликовни колонии.рт/лв/

Фото: Организатори

Остани поврзан