Во Струмица изгоре столарска работилница
- опладнево околу 15 часот на улицата „Ристоман Попчевски“ во Струмица изгоре столарска работилница. Причинета е значителна материјална штета, а од пожарот нема повредени.
![Во Струмица изгоре столарска работилница](https://mia.mk/images/20240409183123_big_730x400_98.webp )
Струмица, 9 април 2024 (МИА) - Попладнево околу 15 часот на улицата „Ристоман Попчевски“ во Струмица изгоре столарска работилница. Причинета е значителна материјална штета, а од пожарот нема повредени.
Како што информираа од ТППЕ Струмица, во гаснењето учествувале две против пожарни возила и шест пожарникари.
Според информацијата од струмичките пожарникари столарската работилница била сместена во дрвена барака која од пожарот е целосно изгорена.рт/вј/
Фото: ТППЕ Струмица