• понеделник, 25 ноември 2024

Во Србија бројот на мигранти е намален за 80 отсто, седум центри се привремено затворени

Во Србија бројот на мигранти е намален за 80 отсто, седум центри се привремено затворени

Белград, 31 јули 2024 (МИА) - Седум центри за бегалци во Србија, привремено ќе бидат затворени од утре бидејќи во нив во моментов нема мигранти.

Тоа денеска за српски медиуми го изјави српската комесарка за бегалци и миграција Наташа Станисављевиќ. Центрите ќе бидат привремено затворени до 30 септември.

Таа додаде дека бројот на мигранти е намален за цели 80 отсто.
 
-Донесена е одлука за привремено затворање на седум центри која стапува во сила од 1 август и ќе биде на сила до 30 септември. Во тој период повторно ќе направиме анализа за да се приспособи работата на центрите во зимскиот период, рече таа. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан